Лукашенко: Ако падне Белорусија, Русија е следна

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека во случај да падне неговиот режим, Русија ќе биде следна.

„Знаете што е заклучено со раководството и руските власти? Ако Белорусија падне, Русија ќе биде следна“, рече Лукашенко, пренесе агенцијата РИА Новости по интервјуто што го даде за руските медиуми.

Лукашенко процени дека без него „целиот систем ќе пропадне, а потоа и цела Белорусија“.

Масовните протести траат од контроверзните претседателски избори на 9 август, на кои Лукашенко беше избран по шести пат.

Слични содржини