Лукашенко: Барањата за повлекување на „Вагнер“ од Белорусија се глупави

од Stefanija Kuzmanovska
539 прегледи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека барањата за повлекување на руската паравоена група „Вагнер“ од Белорусија се „неосновани и глупави“, пренесе „Ројтерс“.

„Вагнер“, чиј водач Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во Русија на 23 август, пресели некои од своите борци во Белорусија врз основа на договорот постигнат по неуспешниот бунт на паравоената група во јуни против руското воено раководство, со посредство на Лукашенко.

Слични содржини