Лукашенко: Белорусија ги преживеа санкциите на Западот

од Radmila Tasevska
191 прегледи

Белорусија го издржа притисокот на западните санкции и има пазар за своите производи, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

-Преживеавме. Најважно е што имаме каде да ги продаваме нашите производи, рече белорускиот претседател во Гомељ, на средба со вработените од компанијата за производство на накит Кристал, пренесуваат руските медиуми.

Тој изрази уверување дека ако има продавач и купувач, тогаш никакви санкции не можат да му пречат и потсети дека на членовите на владата им забранил падот на показателите да го оправдуваат со влијанието на санкциите, пренесуваат руските медиуми.

Според Лукашенко, во Белорусија посебно внимание се посветува на развојот на новите пазари, особено соработката со земјите од африканскиот континент.

-Воспоставени се добри односи со Зимбабве, а се очекува возвратна посета на Екваторијална Гвинеја, прецизира белорускиот лидер.

Слични содржини