Белорусија ќе преземе реципрочни мерки како одговор на воените и економските закани за нејзиниот суверенитет, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Тоа се реципрочни мерки насочени кон одбрана на нашиот државен суверенитет, без кои немаше да има мир, ниту белоруската нација како таква. Во нашата историја тоа сме го сретнале многупати“, рече тој на доделувањето на наградите за дипломирани студенти на високите воени универзитети, пренесува агенцијата „Белта“.
Белорускиот претседател истакна дека во моментов, „покрај економскиот диктат и политичкиот и информативниот притисок“, Минск се соочува со акти на поттикнување на своите надворешни граници, како што се „однадвор инспирирани обиди за терористички активности внатре во земјата“.