Лукашенко ги назначи премиерот и членовите на владата

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го одобри составот на новата влада на Белорусија и го назначи Роман Головченко за премиер.

Сепак, неговата кандидатура треба да се потврди во долниот дом на парламентот.

Министерот за надворешни работи Владимир Макеј, министерот за внатрешни работи Јури Карајев, министерот за здравство Владимир Карањик и министерот за информации Игор Луки ги задржаа своите места во владата.

Назначувањето на новата влада по претседателските избори е предвидено со Уставот на Белорусија, пренесува Спутник.

Претседателот на Белорусија на почетокот на јуни потпиша указ за распуштање на Владата на таа земја.

Претседателот го назначи Роман Головченко за премиер, кој дотогаш беше шеф на Државниот воено-индустриски комитет.

Слични содржини