Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко го потпиша законот за ратификација на договорот со Руската Федерација за центри за заедничка обука на воениот персонал, соопшти денеска прес-службата на претседателот на Белорусија.
„Белорусија го ратификуваше договорот со Русија за формирање и работа на центри за борбена обука за заедничка обука на воениот персонал на вооружените сили. Соодветниот закон го потпиша шефот на државата Александар Лукашенко“, се наведува во соопштението, пренесe РИА Новости.
Забележано е дека договорот го регулира создавањето и функционирањето на центри за борбена обука врз основа на воените единици во Белорусија и Русија, како и ги одредува нивните главни задачи и постапката на интеракција меѓу министерствата за одбрана во организирањето на сеопфатната безбедност на овие центри.