Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека информацијата дека има бомба во авионот на „Рајанер“, кој потоа беше принуден да слета во Минск, пристигнала од Швајцарија и дека истовремено била испратена во Атина, Вилнус и Минск.
Како што изјави, тие информации потоа веднаш биле пренесени на екипажот на авионот.
Тој додаде дека нема други опции, имајќи предвид дека во тој момент, авионот веќе ја преминал границата на Белорусија и бил во воздушниот простор на таа земја.
Во исто време, претставникот на Федералната канцеларија за меѓународни односи на Швајцарија, Пјер Алан Елтшингер, тврди дека неговата земја не била запознаена со информацијата дека имало бомба во авионот на „Рајанер“ и дека не ја предупредила Белорусија за можен терористички напад.
„Швајцарските власти не знаеја за заканите со бомба во авионот што леташе од Атина до Вилнус, па властите не испратија информации за тоа во Белорусија“, прецизира тој.