Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја поништи смртната казна за германскиот државјанин, соопшти неговиот кабинет во Минск, објави новинската агенција БелТА.
Германецот претходно побарал од претседателот помилување. Според властите во Минск, 29-годишникот бил осуден за тероризам во полза на украинската тајна служба.
Тој бил осуден на смрт во јуни, но пресудата била објавена во јавноста дури еден месец подоцна од организациите за заштита на човековите права.
Белоруската хуманитарна група Вијасна го идентификувашла како Рик Кригер и соопштила дека е обвинет за тероризам и платенички активности.
ТАСС пренесе дека Кригер информирал дека имал наредба од украинската безбедносна служба СБУ да фотографира воени локации во Белорусија и да постави ранец на шините југоисточно од главниот град Минск, кој подоцна експлодирал. Никој не бил повреден во настанот.
Белорусија е последната земја во Европа во која се уште има смртна казна и тоа со стрелање во задниот дел од вратот.
Белоруска телевизија неодамна прикажа видео на кое Германецот, по професија болничар, ја признава својата вина и моли за милост.