Лукашенко му донел документи на Путин за инцидентот со „Рајанер“

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на состанокот со претседателот на Русија, Владимир Путин во Сочи, изјави дека донел некои документи со цел да покаже што всушност сега се случува во Белорусија.

Според него, реакцијата на овие настани зборува за обид за дестабилизација на состојбата во Белорусија и доведување на земјата до ситуацијата од август 2020 година.

„И зошто (Европската унија) го казни работниот колектив на „Белавија“? За транспортот на илјадниците (луѓе) за време на ковид? Тие ги покажаа своите лица. Се одрекувам од тоа што се случи … Зедов неколку документи, ќе ви покажам како би разбрале што се случува, како би разбрале за какви луѓе станува збор“, рече Лукашенко пред состанокот во Сочи.

Од своја страна, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека по присилното слетување на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес во 2013 година, немало никаква реакција од Западот.

„Едно време, авионот на претседателот на Боливија беше принуден да слета. Претседателот беше симнат од авионот и ништо, тишина“, рече Путин, зборувајќи за ситуацијата со слетувањето на авионот на „Рајанер“ во Минск.

Путин ги нарече настаните околу Белорусија по присилното слетување на авионот уште еден круг емотивни испади.

Слични содржини