Се подготвуваат одреди за спротивставување на Белорусија, како и во Литванија и другите балтички земји, затоа е важно да се внимава на заштитата на границите, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пренесува агенцијата „Белта“.
„Денешната одлука за заштита на државната граница е од особено значење бидејќи сме во специфична ситуација, има војна на југ, Полска, Литванија, балтичките држави се на запад и е уште полошо. Нагласувам: Уште полошо! Таму се подготвуваат одреди, назначени се команданти“, рече Лукашенко.
Според него, во Минск ги познаваат „борците на тие одреди“ кои се подготвени да се борат против сопствената земја.
„Како што секогаш им велам на војниците, а особено на министерот за одбрана, ништо не смееме да пропуштиме и не смееме да дозволиме никаков случаен развој на настаните на нашата граница“, заклучи Лукашенко.