Лукашенко не жали што ѝ дозволи на Русија да ја користи Белорусија како база за инвазија на Украина

од Nikola Popovski
43 прегледи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека не жали што дозволил неговата земја да служи како позадинска база за руските сили во февруари 2022 година за инвазијата на Украина.

Лукашенко изјавил за агенцијата „Франс прес“ дека „не жали за ништо“.

Белорускиот претседател, кој денеска на изборите сигурно ќе биде реизбран за претседател, ги повикал да се покаат оние кои учествуваа во протестите против него во 2020 година, додавајќи дека властите ги следат.

Лукашенко (70), кој е на власт 30 години, признал дека многу од демонстрантите во 2020 година останале без работа, додавајќи дека ќе им се даде уште една шанса ако признаат дека грешат.

„Нема да ги гониме сите, но ги следиме“, рекол Лукашенко.

Слични содржини