Лукашенко: Нема да поднесам оставка сè додека полицијата не го побара тоа од мене

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рече дека нема да поднесе оставка се додека последниот полицаец од специјалните единици за сузбивање на немирите не го побара тоа од него.

„Додека последниот полицаец од специјалната единица за контрола на немирите не ми рече да заминам, јас ќе стојам цврсто на ова тло, рамо до рамо со вас затоа што вие и јас немаме ништо друго освен оваа земја“, рече Лукашенко за време на посетата на специјалната полициска единица во Минск.

Претходно, специјалната белоруска полициска единица за смирување на немирите му додели највисок орден на Лукашенко – црна беретка за „специјална служба“. За возврат, претседателот им додели награди на претставниците на полицијата и армијата.

Слични содржини