Белорускиот претседател Александар Лукашенко освоил 80,23 проценти од гласовите на претседателските избори, објави денеска претседателот на Изборната комисија на таа земја, Лидија Јермошина.
На претседателските избори во неделата неговиот главен противник, Светлана Тихановскаја, освои 9,9 проценти од гласовите, додека останатите тројца кандидати освоија помалку од два проценти, пренесува „ТАСС“.
Во исто време, 6,02 проценти од граѓаните гласаа против сите кандидати, рече Јермошина, додавајќи дека конечните резултати, најверојатно, нема да се променат значително.
Во неделата вечерта откако беа објавени првите резултати, илјадници граѓани излегоа на улиците на протест, тврдејќи дека изборите биле украдени.
Полициските вооружени сили користеше водени топови, солзавец и шок бомби против демонстрантите, а невладина организација соопшти дека едно лице е убено а 120 се уапсени по синоќешните немири.