Лукашенко откри поради која причина навечер се буди облеан со ладна пот

од Nikola Popovski
161 прегледи

Најважно за претседателот е да ја оправда високата доверба на народот, изјавил белорускиот лидер Александар Лукашенко по парадата на Денот на независноста на неговата земја.

Според него, не може да има држава без независност, а ако нема држава „не постоиме ниту ние“.

-Ние сме едноставно робови без неа. Затоа е најважно да се зачува. Како што можете да видите, се обидуваме заедно и успеваме во нешто, рекол Лукашенко.

Шефот на државата објаснил дека Белорусија и Русија ги обединува сојузот, бидејќи двете земји споделуваат заеднички вредности, планови и цели.

Според неговото мислење, најтешко за еден претседател е кога знае дека има голема доверба од народот.

„Се будиш со ладна пот и мислиш: ти веруваа, ти ја дадоа својата доверба, немој да ги изневериш. Тоа е најважно за вистински претседател“, заклучил белорускиот лидер.

Слични содржини