291
Шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин не е во Белорусија, туку во Санкт Петербург, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Што се однесува до Евгениј Пригожин, тој е во Санкт Петербург. Каде е утрово? Можеби утрово отишол во Москва“, рече Лукашенко на средбата со новинарите.
Тој додаде дека, според информациите што ги добил утрово, борците на „Вагнер“ се наоѓаат во камповите каде што дошле по повлекувањето од фронтот на закрепнување, пренесува „Белта“.