Лукашенко пристигна во резиденцијата вооружен: Излезе од хеликоптер со калашников во раката

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко пристигна со хеликоптер во неговата резиденција во Минск, пред која се одржува протест на опозицијата, вооружен со автоматска пушка „Калашников“ и панцир, јави ТАС С.

– Пред еден час, претседателот Лукашенко пристигна на лице место, во палатата Независност – се наведува во соопштението на службата на белорускиот лидер објавена на каналот Телеграм.

Објавено е и видео на кое се гледа дека Лукашенко излегува од хеликоптер со митралез во рацете, придружуван од припадници на армијата, објави порталот Спутник.

Претходно беше објавено дека опозицијата по завршувањето на протестот на плоштадот Независност се движеше кон претседателската резиденција.

Слични содржини