Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Русија ја завршила испораката на тактичко нуклеарно оружје во неговата земја.
На самитот на Евроазиската економска унија во Санкт Петербург, Лукашенко рече дека испораките се завршени во октомври, но не прецизираше колку нуклеарни боеви глави се префрлени од Русија во Белорусија или каде се распоредени, пренесува АП.
Тој изјави дека поставувањето руско нуклеарно оружје во Белорусија има за цел „да ја одврати агресијата од Полска“, која е членка на НАТО.