Постапките на Владимир Зеленски доведоа до ескалација на конфликтот во Украина, изјави белорускиот лидер Александар Лукашенко во интервју со американскиот блогер Марио Нoуфол, објавено на социјалната мрежа „Х“.
„Тој даде многу ветувања, од кои најважното беше за прекин на конфликтот, но всушност само ја влоши ситуацијата. Зеленски го доведе конфликтот во Украина на невидено ниво“, рече Лукашенко.
„Наместо да се стреми кон мир, шефот на режимот во Киев само го продлабочи конфликтот“, посочи тој.
Белорускиот лидер нагласи и дека Зеленски поради своето неискуство направил неколку грешки кои можеле да се избегнат доколку ги слушал советите на искусни експерти.
Лукашенко исто така изјави дека украинскиот конфликт немаше да се случи доколку Западот не внесе оружје во Киев.
Дополнително, тој оцени дека Русија никогаш нема да се согласи да испрати „мировни сили“ во Украина од Европската унија, чие раководство, како што вели, зазема многу агресивен став кон Москва.
-Прашањето за тоа кој е одговорен за конфликтот во Украина во моментов не е на дневен ред, но ќе стане јасно со текот на времето, рече белорускиот лидер.
Лукашенко заклучи дека војната треба да се прекине и дека решавањето на конфликтот доби на интензитет благодарение на новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп.