Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека САД, користејќи ги Полска, балтичките земји, Украина, како и мигрантската криза на границата со Белорусија, сакаат да предизвикаат војна.
„Тие се обидуваат да ги искористат тие кутри бегалци, тој процес. Веќе отворено велат: „Вклучете го НАТО“. А што значи НАТО? Започнува војна. Не провоцираат. На Европа не и треба тоа, Европа не го сака тоа, Европа не сака војна. Кому му е потребна таа војна? На Американците“, рече Лукашенко на седницата на уставната комисија и работната група за финализирање на нацрт-уставот.
Како што оцени, „Американците сакаат некој друг да се бори за нив“.
„Ќе гледаат од страна и ќе доставуваат оружје за да се убиеме и да падне економијата.
Пак ќе дојдат овде со доларот што сега го печатат да ни помогнат и Америка пак ќе доминира. Тоа е главно причината зошто сето тоа е направено. Тие сакаат да го направат тоа користејќи ги Полјаците, балтичките земји и Украинците“, изјави Лукашенко.
Тој смета дека „Америка треба да се приближи до Москва“.
„Но, сепак има „балкон“ (Белорусија), што им пречи, треба да се отсече и тие ќе работат на тоа“, заклучи белорускиот претседател.