131
За време на неговата посета на белоруската Национална биотехнолошка корпорација, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја даде првата изјава по изборите, потенцирајќи дека треба да има една политика, а тоа е народот.
„Треба да има само една политика – народ“, рече Лукашенко за белоруската државна агенција „Белта“.
Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август.
Според првичните податоци на ЦИК, сегашниот шеф на државата, Лукашенко, освоил 80,23 проценти од гласовите.