Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со белорускиот лидер Александар Лукашенко во неделата во Санкт Петербург изјави дека украинската контраофанзива се покажала „неуспешна“.
„Нема украинска контраофанзива“, ги цитираат руските агенции зборовите на Лукашенко.
„Контраофанзивата постои, но е неуспешна“, одговори Путин.
Украина ја започна долгоочекуваната контраофанзива минатиот месец, но постигна многу ограничен напредок во соочувањето со добро вградените руски сили кои контролираат повеќе од една шестина од територијата на Украина по речиси 17 месеци војна.
Американскиот генерал Марк Милер, началникот на Здружениот Генералштаб на Армијата на САД, оцени во вторникот дека украинската воена операција е „далеку од неуспех“, но дека ќе биде долга, тешка и крвава.
Лукашенко наводно со шеговит тон рекол дека платениците од Вагнер, кои ја обучуваат белоруската армија, сакаат да ја преминат границата на Полска, членка на НАТО.
„Тимот од Вагнер почнува да ни прави стресови, сака да оди на запад. Ајде да ги посетиме Варшава и Жешов“, рекол Лукашенко .
Сепак, нема индикации дека Лукашенко бил сериозен во врска со тоа.
По пристигнувањето на борците Вагнер, Полска распореди дополнителни сили на границата со Белорусија.