Лукашенко: Србија нема да успее да седи на три столици

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека Србија нема да успее, како што рече тој, да седи на три столици.

„Ако тие таму сакаат да седат на три столчиња, како што велат, нема да успеат. Тука сме ние, Русија, Европската Унија, Америка и другите… но, нема да им биде дозволено да седат на сите тие столчиња, пред се од Европската Унија, каде што тие се стремат“, рече Лукашенко, пренесува „Белта“.

Ова го изјави претседателот на Белорусија коментирајќи го влошувањето на ситуацијата во однос на Косово и зборувајќи за можноста за поддршка на Србија.

Слични содржини