Лукашенко вели дека Путин нема да го убие Пригожин: Откри дека се одредени нуклеарни цели

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Белорусија има однапред одредени цели за нуклеарни напади во случај на агресија на Западот, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Лукашенко рече дека сака да нагласи дека Минск нема намера да користи оружје, но дека во случај да „изведете агресија врз Белорусија, одговорот ќе биде итен“.

„Целите се одредени“, додаде Лукашенко, пренесува Sky news.

„Пригожин е апсолутно слободен и Путин нема да го убие“

Лукашенко додаде дека лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин е „апсолутно слободен“ и не е изложен на ризик.

Тој претходно потврди дека е лидерот на „Вагнер“ е во Русија и покрај тоа што беше протеран од земјата откако се согласи да замине во Белорусија.

Во синоќешната програма емитувана на руската државна телевизија беше кажано дека кривичната истрага против Пригожин се уште е отворена.

Претседателот Лукашенко, исто така, рече дека е „сигурен“ дека Владимир Путин нема да го убие прогонетиот водач на „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

„Ако мислите дека Путин е злонамерен и одмаздољубив и дека тој (Пригожин) ќе биде убиен утре… не, тоа нема да се случи“, рече тој.

Слични содржини