188
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави денеска дека жали поради фактот што биле користени специјални единици за враќање на редот во земјата.
„Би сакал да истакнам уште еднаш: „Многу ми е жал што моравме да употребиме одредени единици, особено оние од силите за специјални операции, за да го вратиме редот во земјата“, рече Лукашенко пред членовите на Советот за национална безбедност на земјата, пренесува ТАСС.
Лукашенко победи на неодамнешните претседателски избори, кои опозицијата ги оспорува.
Следеа секојдневни протести, за време на кои имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Неколку илјади граѓани се уапсени.