Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев учествува во руско-белоруски консултации за прашањата на безбедноста, соопшти прес-службата на Советот. Како што е познато, Белорусија е на западните граници на Русија. Пред извесно време претседателот на Белорусија Александар Лукашенко не дозволи создавање на единствен систем за противвоздушна одбрана (ПВО) на територијата на републиката и распоредување на руска воздухопловна база. Сега аналитичариблиски до власта во Минск зборуваат за притисок на Москва врз сојузникот Претседателот на истражувачкиот центар “Мизес” Јарослав Романчук изјави за “Независимаја газета” дека Кремљ продолжува да решава задачи во Белорусија, при што Лукашенко трупа интереси за својата земја .

При своето противење на НАТО ,Русија може да ја користи територијата на Белорусија за создавање на конвенционални и хибридни закани за западните земји и Украина, се вели во извештајот на Центарот за стратешки и политички студии, насловен “Белорусија во контекст на противењето Русија-НАТО: закани и предизвици за суверенитетот, независноста и националната безбедност. Стратешки заклучоци и препораки “. Автори на извештајот се раководителите на центарот Арсениј Сивицкиј и Јуриј Царик кои се сметаат за поврзани со власта .
Во анализата тие забележуваат “без преседан на воен и политички притисок”, на кој е изложена во моментот нивната земја од Русија. Според мислењето на аналитичарите овој притисок е поврзан со обидите на руското раководство да ја вовлече Белорусија во противењето, вклучувајќи и воено, со земјите од Западот. “Стратешка цел на оваа политика е поткопување на евро-атлантското единство, вклучувајќи и дезинтеграција на ЕУ и НАТО”, се истакнува во извештајот.
Според авторите крајна манифестација на притисокот на Москва врз Минск е стационирање на границата со Белорусија на руски војници во количество кое потенцијално е доволно за одбарана на на белоруската територија од хибридна војна, слични по обем на спроведени во источна Украина.
Суштинската улога на Белорусија, велат аналитичарите, во надворешно-политичките стремежи на Русија е условена од неколку околности. Задржување на својата неутрална позиција во однос на украинската криза, а исто така целосна и ефективна контрола над својата територија, Белорусија се јавува како значаен донатор за регионалната стабилност и безбедност. “Затворањето на западниот стратешко правец и истовремено спроведувајќи строга одбранбена политика и реализирање мерки за зајакнување на довербата со земјите од НАТО, Белорусија обезбедува целосно неутрализирање на воената закана по дадениот правец”, се вели во извештајот.
Покрај тоа Белорусија, кој има односи за стратешко партнерство со Кина, драстично развива позитивни односи со САД и ЕУ и истовремено сојузнички односи со Русија, кои се манифестираат во квалитетот на потенцијално важна платформа за меѓународна соработка, која помага да се намали улогата на факторите сила во меѓународните односи. “За оваа причина стратегијата на Москва диктира потребата од промена во меѓународната ситуација и статусот на Белорусија. Особено за реализација на стратешката замисла на Кремљ, е потребно Република Белорусија да биде претворена од донатор за безбедноста и стабилноста во извор на предизвици и закани за безбедноста и стабилноста во земјите од НАТО и Украина “, сметаат експертите.
Според нив “од суверена држава Белорусија треба да се претвори во сива зона – територија на која и преку која Руската Федерација ќе проектира сила и ќе управува со конфликтната динамика во регионот”. Поради оваа причина, распоредувањето на руски војници на границата со Белорусија се одвива на начин кој ќе обезбеди решавање на задачата за дизајнирање на сила во доволно краток временски интервал, забележуваат експертите. Тие обрнале внимание на тоа дека руските војници се групираат во реонот на градот Клинци во Брјанската област и на градот Елнја во Смоленска област, овозможувајќи им на краток рок (од 8 до 16 часа) да стигнат до Гомеш и Орша на територијата на Белорусија и да продолжат понатаму кон Украина.
Рускиот воен експерт Виктор Литовкин го коментира сценариото опишано во извештајот, на следниов начин: “Во Москва никој никогаш не и предложил на Белорусија да биде ” извор на предизвици и закани за безбедноста и стабилноста на земјите од НАТО и Украина “. Таквите претстави нема во ниту еден државен документ со поголема или помала важност. Затоа слично тврдење може да биде оценувано како лошо скроена провокација. Нешто повеќе – да биде претставен Минск како “извор на предизвици и закани за безбедноста и стабилноста” е практично невозможно. Тој што ќе то прави тоа, постојано ќе спроведува вежби до границите на Полска и Литванија? Или ќе фокусира на овие граници посамоуверен потенцијали? А можеби неговите ловци и бомбардери, како што се случува со авионите на НАТО, ќе вршат постојано борбено дежурства на границите на Алијансата и ќе разузнава воени објекти, при што на нив ќе се појават апарати за употреба на нуклеарно оружје, какви што има на НАТО авионите?
Белорусија не прави ништо од тоа и нема намера да го прави, а и Русија не поттикнува кон такви дејствија. Да, ние имаме намера да создадеме единствен систем за ПВО, а исто воздухопловна база за заштита на Сојузничкото небо од непоканети гости на територијата на братската република, која е член на Организацијата на Договорот за колективна безбедност и има билатерален договор со Русија за помош. Но, претседателот на Белорусија по познати за него причини се откажа од оваа перспектива. Тој има право. Како што има и право да води независна од Русија политика насочена кон заштита на националните интереси на земјата. Така, како што тој ги разбира. И во Москва се во согласност со тоа. Покрај тоа Русија нема апсолутно никаков интерес од заострување на односите ниту со НАТО, ниту со Украина и да се зборува за нешто спротивно од тоа е отворена глупост, ако не и злонамерна инсинуација во духот на информациско-психолошката војна, со цел раскол меѓу Москва и Минск. ”
Претседателот на белорускиот Центар “Мизес” Јарослав Романчук изјави за “Независимаја газета”: Ние веќе дваесет години сме сојузници во воена, економска и монетарна смисла. Четириесет и пет проценти од нашиот извоз отпаѓа на Русија. Оди и финансиската помош за Минск, навистина народот не го чувствува тоа поради неправилната економска политика на Лукашенко. Кремљ продолжува да ги решава своите задачи на своја територија. Точно е дека Лукашенко ја одби на Москва кај нас да биде распоредена воена база на Руската Федерација. Но ако Москва беше инсистирала посилно, дозволата ќе беше дадена. Лукашенко си дозволува понекогаш да се противи, но во пракса тој се пазари – сака нешто да се добие. Сега кај нас се распоредени руски воени авиони, војници се обучуваат во руски воени академии. Лукашенко ги зацврсти и контролира западните граници, ја брани прво својата земја, а потоа и Русија. Но истовремено тој води преговори со ЕУ. Сојузната држава ќе се задржи. Навистина Лукашенко не прифаќа сè – на пример тој никогаш нема да прифати идејата за рускиот свет, бидејќи тоа е спротивно на претставата за независна држава. Но Белорусија не е Грузија и не е Молдавија, таа секогаш ќе остане поврзана со Русија, но со податлива независност. ”
Според мислењето на Романчук Кремљ има свои претстави за тоа што треба да се прави со Белорусија. Сепак Минск сепак ќе увезува своите ограничувања во овој дневен ред.