Адемола Лукман требаше да ја напушти Аталанта на почетокот на оваа сезона, но тоа не се случи.
За повремениот англиски репрезентативец беа заинтересирани многу европски клубови, а неговиот трансфер во ПСЖ пред почетокот на новата сезона беше речиси решен.
Сепак, тоа не се случи и покрај тоа што Лукман отсуствуваше на првиот натпревар на Аталанта во сезоната, токму поради преговори. За Лукман се уште се интересираат многу клубови, а во трката влезе уште еден.
Саудиска Арабија, Франција, Италија… Сето тоа се земји каде Англичанецот би можел да ја продолжи кариерата, а сега во трката се вклучи и Вест Хем.
На „чеканите“ им е потребно засилување на крилната позиција, особено што Лопетеги сака да го користи Боуен како напаѓач. Лукман би придонел многу во тимот на Вест Хем, но тој е еден од главните играчи и во Аталанта.
Лукман веќе играше во Англија за Евертон, Фулам и Лестер, па Премиер лигата му е познат терен.