„Луксузот ваш е од трудот наш“, „Се да застане за работникот да опстане“… Започна првомајскиот синдикален протест

од Берта Китинска
357 прегледи

Со паролите „Се да застане за работникот да опстане“, “Платите да пораснат, малдите да останат“, „Луксузот ваш е од трудот наш“ започна протестот на Сојузот на синдикати на Македонија.

Тие Меѓународниот ден на трудот го дбележуваат со синдикален протест барајќи усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата.

Синдикатот бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата.

Слични содржини