Лула: Бразил ќе возврати ако Трамп ги зголеми царините

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека неговата влада ќе возврати ако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги зголеми царините за Бразилија, објави денеска Ројтерс.

„Многу е едноставно: ако ги оданочи бразилските производи, ќе има реципроцитет“, рече Лула на прес-конференција во Бразилија.

Тој додаде дека би сакал да има взаемна почит меѓу него и Трамп како двајца демократски избрани лидери.

Слични содржини