Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се врати во Бразилија и ги посети претседателската палата и Врховниот суд, кои беа нападнати од приврзаниците на поранешниот шеф на државата Жаир Болсонаро, објави утринава ТВ Глобо.
Претседателот, кој е на функцијата само една недела, синоќа од Сао Паоло изјави дека неговиот претходник од екстремната десница „ги охрабрувал фашистичките вандали“ да ја нападнат владата во Бразилија.
Лула донесе одлука за „полициска интервенција“ во која биле вклучени полициски сили од целата земја за да се врати контролата и безбедноста во главниот град.
„Ќе ги најдеме сите и сите ќе бидат казнети“, рече Лула.
Неколку стотици поддржувачи на Болсонаро упаднаа во главните институции на владата во Бразил, Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата.
Според фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, демонстрантите направиле материјална штета.