Градоначалничката на Град Скопје соопшти дека проектната документација за Луна паркот се изработува, седум реквизити веќе се набавени од претходната градска власт и се дел од проектната документација, а исто така во план е набавка на 20 нови реквизити.
– За Луна паркот имаме проектна документација која се изработува, изработувачот треба во наредниот месец да ја достави комплетна. Имаме веќе наследено 7 реквизити кои треба да се постават согласно претходно склучени договори и истите се задржани во проектното решение. Дополнително има 20 нови реквизити кои треба да се тендерираат и да се набават – информираа од Градот.
Реквизити ќе бидат поставени што е можно поскоро и како што ќе пристигнуваат новите, така тие ќе бидат поставувани во Луна паркот, a според очекувањата истиот би требало да започне со работа кон крајот на летото.