Луначек: Признајте го Косово, тамошните граѓани се чувстуваат како затвореници

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Известувачот на Европскиот парламент за Косово Урлике Луначек, уште еднаш побарала од петте земји членки на ЕУ, кои го немаат признаено Косово тоа да го сторат што побрзо и да не го блокираат косовскиот пат кон ЕУ.

kosovo

Австриската пратеничка оценила дека Косово по седум години и понатаму се чувствува дека не е добјредојдено во Европската заедница.

Луначек апелирала до властите на Косово да сторат многу повеќе во еконоскиот развој и подобрување на социјалните услови за подобар живот на граѓаните со цел да се намали бројот на емигрантите кон западно евопските земји и да е забрза решавањето на прашањето со визната либерализација.

– Визната либерализација е многу значајна за граѓаните на Косово кои се чувствуваат како затвореници и изолирани, изјавила Луначек.

Инаку,вчера во Приштина комесарот на ЕУ за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос по средбите со косовскиот држвен врв изјави дека не е далеку денот кога Косово ќе добие визна либерализација за своите граѓани.

Аврамопулос изјавил дека очекува косовските институции да ја продолжат беспрекорната борба против корупцијата и да направат темелни реформи за да може Косово што поскоро да добие визна либерализација./МИА