Луол Денг објави крај на кариерата

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Двократниот учесник на Натпреварот на ѕвездите во НБА, Луол Денг, го објави крајот на својата натпреварувачка кариера. 34-годишниот кошаркар од Јужен Судан го направи тоа како играч на Чикаго Булс, откако потпиша симболичен еднодневен договор со клубот.

Денг играше 15 сезони во НБА лигата, како дел од Чикаго Булс за првите скоро 10 години од неговата кариера. Потоа играше за Мајами Хит, Лос Анџелес Лејкерс и Минесота Тимбервулвс.

За 902 натпревари во Лигата, Денг има 14,8 поени, 6,1 скока и 2,3 асистенции по натпревар.

Слични содржини