Lynk & Co 08 наскоро

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Кинеската Lynk & Co официјално ќе го претстави новиот кросовер 08 на крајот на овој месец, а како најава служат неколку тизер слики.

Марката Lynk & Co се појави во 2018 година, при што ова е седмиот модел во нивната палета.

08 ќе биде првиот што ќе го одликува новиот стил на брендот, додека внатрешноста, според сегашните најави, ќе има голем екран на допир и дигитална инструмент табла.

Прочитајте повеќе:

Lynk & Co 08 се базира на модифицирана верзија на CMA платформата (Compact Modular Architecture), развиена од Geely и Volvo.

Засега е познато дека новиот кросовер ќе биде достапен како plug-in хибрид со 1,5-литарски бензински мотор, но без да се прецизираат поконкретни детали.

Официјалната премиера ќе се случи на 30 март, кога ќе бидат објавени и другите спецификации.