Lynk & Co 08 на нови слики

од Vladimir Zorba

Кинеската Lynk & Co кон крајот на овој месец официјално ќе го претстави новиот кросовер 08, а како најава служат неколку нови слики.

Марката Lynk & Co се појави во 2018 година, при што 08 стана седмиот модел во нивната палета.

08 ќе биде првиот што ќе го одликува новиот стил на брендот, додека внатрешноста, според сегашните најави, ќе има голем екран на допир и дигитална табла.

Lynk & Co 08 се базира на модифицирана верзија на CMA платформата (Compact Modular Architecture), развиена од Geely и Volvo.

Засега е познато дека новиот кросовер ќе биде достапен како plug-in хибрид со 1,5-литарски бензински мотор, но без да се прецизираат поконкретни детали.

Официјалната премиера ќе се случи на 30 март, кога ќе бидат објавени и другите спецификации.

Слични содржини