Македонска навигација и официјално доби ново раководство по упадот од 4-ти јануари. Нов претседател на управниот одбор и извршен директор во воздухопловна техника е Милан Кораќ.
Хекуран Асани е директор за воздухопловна навигација. Комплетирани се сите процедури за промените во врвот. По скандалозниот инцидент, постапувајќи по насоки на владата, надзорниот одбор на М-НАВ ги разреши претседателот на управниот одбор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор.
За упадот, Обвинителството отвори истражна постапка против осуммина, кои се осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.
Одлуката за воведување промена во раководството е усогласена со директивите издадени од владата на 9-ти јануари. Овој потег доаѓа по инцидентот на 4-ти јануари кога група напаѓачи насилно влегоа во зградата на контролата на летање, нанесувајќи им физичка повреда на некои вработени.