М-НАВ има нови директори

од Nikola Popovski
247 прегледи

М-НАВ доби ново раководство. Хекуран Асани и Милан Кораќ седнуваат на директорските места. Поради низата скандали и упадот на почетокот на годинава, директорите Фахрудин Хамиди и Бубе Стаменковски се разрешени. На функција останува досегашниот директор Хасим Деари. За нов член на надзорниот одбор е назначен Едмонд Калиќи, кој беше нападнат во инцидентот на 4-ти јануари.

Опозицијата критикува дека обезбедувањето кое има дел од вината за упадот, добило нов тендер од М-НАВ.

Откако новото раководство ќе се впише во Централниот регистер, ќе може да се состане и Комитетот за безбедност на Македонска навигација, кој треба да спроведе истрага за упадот во М-НАВ. Идната недела се очекува и извештајот на Трудовиот инспекторат за вработувањата во М-НАВ.

Во јавноста беше обелоденето дека дел од нив се роднински поврзани со актуелни функционери.

Слични содржини