М-НАВ: Расипаниот радар не влијае на безбедноста на авио-сообраќајот

Од М-НАВ велат дека единствена промена е регулацијата на бројот на авиони кои можат да се опслужат на еден час

од Nikola Popovski
8 прегледи

Се расипал радар на контролата на летање на скопскиот аеродром, наменет за следење нисколетечки летала при слетување. Информацијата ја потврдија од М-НАВ, од каде што објаснуваат дека ова не влијание на безбедноста, туку на темпото со коешто се одвива слетувањето, односно на бројот на авиони што можат да се опслужат во еден час.

Од М-НАВ велат дека единствена промена е регулацијата на бројот на авиони кои можат да се опслужат на еден час.

Се работи на отстранување на техничкиот дефект. Контролорите на летање пред неколку месеци предупредија дека опремата е застарена и е потребна нејзина итна замена.

-Стапено е директно во контакт со производителот и дозволен е онлајн пристап до уредот за да се направи дијагностика од производителот и да дадат предлози и поддршка за решавање на проблемот. М-НАВ воедно, вонредно ги ангажира своите стручни лица со цел што побрзо враќање на радарската глава Алениа – Бањски Рид во употреба, вели во изјава за МИА директорот на М-НАВ и претседател на Управниот одбор Владимир Ристески.

Тој појаснува дека М-НАВ располага со три радарски глави. Една покрај Охридскиот аеродром и две на Скопскиот аеродром. Едната на Скопскиот аеродром е во моментов со технички дефект којшто е детектиран и се работи на негово отстранување.