Сите реформи кои сега се прават во образованието водат кон осовременување на системот што за нас наставниците е мотивација и можност да се напредува во кариерата и да продолжиме силно да придонесуваме во создавање иднината во нашата земја, вели м-р Арта Садику Актеши, одделенска наставничка во ООУ „Имри Елези“ во општина Чаир.
“За прв пат оваа година бев известена за можноста да аплицирам за унапредување во наставник ментор според новиот Закон за наставници и стручни соработници во училиштата и со задоволство го направив тоа” , вели Садику Актеши.
Наставничката истакнува дека голем дел од колективот имаат дополнителни причини да се радуваат бидејќи договорите што ги потпишуваат на крајот на секоја година ќе бидат трансформирани на неопределено време, како што е предвидено со закон.
Според Садику Актеши стабилниот работен однос носи поголемо задоволство од професијата и поттикнува поголема волја за креативност и инспирација кај наставниците со што се нагласуваат вистинските вредности на образованието.