Мајка и две деца извлечени од урнатините по 228 часа: Спасувачите слушнале и друг глас

од Radmila Tasevska
162 прегледи

Спасувачите сè уште се на терен во Турција, каде што ги пребаруваат урнатините по разорните земјотреси што ја погодија земјата на 6 февруари.

По 228 часа, мајка со две деца синоќа била извлечена од урнатините во Хатај, јавуваат турските медиуми.

По два часа спасувачите слушнале глас кој повикува на помош и веднаш почнале да копаат. Не е познато дали во текот на ноќта успеале да стигнат до преживеаниот.

Иако ситуацијата на терен е многу тешка, спасувачите од целиот свет деноноќно ги пребаруваат урнатините со надеж дека ќе успеат да најдат уште преживеани.

Се намалуваат шансите да успеат да ги извлечат преживеаните, но спасувачите не губат надеж, бидејќи вчера пронашле и извлекле неколку лица, меѓу кои и баба и дедо кои поминале повеќе од 210 часа под урнатините.

Вчера, 222 часа по земјотресот, од урнатините беше извлечена и Мелика Имамоглу (42), чиј глас спасувачите го слушнаа додека извлекуваа безживотни тела од урнатата зграда.

Кога Мелика била извлечена на безбедно, спасувачите се прегрнале и плачеле од среќа.

Да потсетиме, повеќе од 40.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси во Турција и соседна Сирија.

Слични содржини