Ма каков 8 Март-Ердоган нуди турски стил за правата на жените и за владеењето

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Турчинки го искористија Меѓународниот ден на жената 8 Март, за да протестираат во Истанбул за повеќе права

4700846

Турскиот претседател изјавил дека неговата земја треба да развие свои уникатни вредности за родовата еднаквост, барајќи нов начин да ја  инспирира волјата за автентичен “турски стил” на претседателскиот систем, информира  “Хуриет”.

Новата “мисла” на Ердоган доаѓа на дневен ред, откако тој ги критикуваше членовите на прокурдската народна демократска партија. Претседателот го насочува парламентот кон одлучувањето за одземање на имунитетот на пратениците од НДП, кои често се обвинувани за врски со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

“Оние кои ги наметнуваат своите сфаќања на оваа нација, се непријатели на нашите жени и нашите луѓе. Ова прашање не е прашање на начин на живот”, рече Ердоган на 7 март, додека одржа говор на настан организиран од Конфедерацијата на праведните синдикати ( Хак-IS) по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

“Тоа е прашање за иднината на нашата земја и нашиот народ. Треба да велиме дека имаме” турски стил на претседателски систем, турски стил на устав. “На прашањето за правата на жените, ние исто така сме должни да развиеме модел на турски стил и да го примениме. Ние не мора да  ги прифатиме и примениме правата на жените во форма и стил кој постои на запад “, рече Ердоган. “Ние можеме сите заедно да преземеме чекори за зајакнување на присуството на жените како човечки суштества и како индивидуи во светлината на нашата историја и културно минато, со прилагодување на грешките и со отстранување на недостатоците. Верувајте ми, на тој начин нашиот однос ќе биде многу поефикасен . Ако заштитата на правата на жените постоела на запад во буквална смисла на зборот, зошто тогаш се молчеше за смртта на стотици илјади сириски жени кои загинаа заедно со своите деца “, вели  Ердоган нагласувајќи ги само своите стилови на владеење  како иднина за Турција.