МААЕ: Иран значително ги зголеми резервите на збогатен ураниум

од Radmila Tasevska

Иран во последните месеци значително ги зголеми резервите на збогатен ураниум, иако негира дека сака да создаде атомска бомба, се вели во доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во кој имале увид некои светски агенции.

Залихите на 28 октомври изнесувале 4.486 килограми, наспроти 3.795 килограми во средината на август.

Тоа е повеќе од 22 пати повеќе од границата поставена со меѓународниот договор од 2015 година, кој ги регулира нуклеарните активности на Техеран во замена за укинување на меѓународните санкции.

Слични содржини