МААЕ: Пробивањето на браната не е непосредна закана за нуклеарната централа

од Stefanija Kuzmanovska
280 прегледи

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска рече дека уништувањето на браната не претставува краткорочна опасност за блиската нуклеарна централа Запорожје.

Сепак, тој нагласи дека ситуацијата ја влошува и онака многу тешката и непредвидлива безбедносна состојба.

Резервоарот на браната обезбедува вода што се користи за основно ладење на шест реактори во најголемата европска нуклеарна централа.

Гроси јасно стави до знаење дека има голем број на алтернативни извори на вода, вклучително и големо езеро за ладење до локацијата кое е дизајнирано да остане над висината на резервоарот, додавајќи дека е од витално значење овој извор на вода да остане недопрен.

Слични содржини