Маас: Германија сака да престане странското мешање во Либија

од Vladimir Zorba
273 прегледи
Шефот на германската дипломатија Хајко Маас изјави дека работи на тоа да се заврши секое „странско мешање“ во воено разунатата Либија.
За него, странското мешање „ е фундаменталниот проблем“ за Либија и дека за тоа ќе разговара на конференцијата за Либија која подоцна годинава ќе се оддржи во Берлин.
Оваа изјава Маас ја даде во либискиот град Зувара, придружен од шефот на дипломатијата на меѓународно признатата либиска Влада, Мохамед Сијала, и специјалниот пратеник на ОН за Либија, Гасан Саламе.
Од април годинава Либија е повторно зафатена од бран воено насилство, откако Либиската национална армија на маршалот Халиф Хафтар почна офанзива за да го заземе Триполи од вооружените групи кои ја поддржуваат владата.
Хафтар ја има поддршката од Египет и Обединетите Арапски Емирати, додека Катар и Турција ја поддржуваат владата во Триполи.

Слични содржини