Мачката на Тејлор Свифт – Оливија Бенсон, е третото најбогато милениче во светот и вреди повеќе од 97 милиони долари.
Мачката на светската ѕвезда Тејлор Свифт се најде на листата на најбогати домашни миленици. Според листата на страницата „All About Cats“ оваа мачка го освои третото место.
Оливија Бенсон се појави и во музичките спотови на нејзиниот сопственик, но и во други проекти како што е реклама за диетална кока-кола. Познатата мачка дури има и своја линија на облека.
Тејлор Свифт постојано ја спомнува во нејзините песни, а често се фотографира со неа и за насловните страници на списанијата.
Страницата „All About Cats“ користела податоци од Инстаграм за да процени колку секој од популарните миленичиња може да заработи по објава на социјалната мрежа.
„Со анализа на милениците на Инстаграм со најмногу следбеници, лајкови и стапки на ангажираност, ги откривме топ 50-те највлијателни миленичиња“, се вели во извештајот на страницата.
Најбогатото животно во светот е германски овчар познат како Гунтер VI, во сопственост на корпорацијата „Гунтер“.