Мачорот Барсик ќе се кандидира за претседател на Русија

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Славниот мачор политичар Барсик ќе се кандидира за претседател на Русија. Ова се вели на официјалната страница на Мачорот во социјалната мрежа “ВКонтакте”. “Барсик одлучи да се бори за најважната позиција во земјата и подготвува релевантна програмска изјава. Тоа ќе биде соопштено во најскоро време. Тим професионалци ќе помогне за неговата кампања “, се наведува во пораката.

Барсик исто така е подготвен да понуди соработка на јарецот Тимур кој стана ѕвезда на социјалните мрежи заради своето пријателство со тигарот Амур.

Мачкестиот политичар има многу приврзаници во цела Русија, кои веќе се здружија во виртуелната Партија на Мачорот Барсик / ПКБ /.

Тој ја започнал својата “политичка кариера” со изборите за сити менаџер на Барнаул. Тогаш едногласно победи во “народното” интернет гласање. Подоцна крзненото милениче се регистрираше на сајтот “Кандидат” за учество во претходно гласање на “Единствена Русија”, која се одржа на 22 мај.

Од партијата сепак одбија да го регистрираат, бидејќи не ги исполнува потребните услови. Претседателските избори во Русија ќе се одржат во 2018 година.