Мадаја под опсада на Асад – деца умираат од глад, семејствата ги јадат домашните миленици

од Vladimir Zorba
89 прегледи

На само дваесетина километри од главниот град на Сирија, во градот Мадаја  кој се наоѓа под опсада од сириската војска стотици деца  живеат прегладнети, некои умираат од глад, а високата цена на оризот кој се продава е екстремно скапа- 230 евра за еден килограм .  Голем дел од семејствата “глодаат” трева и лисје, а некои извршуваат згрозувачки чинови и ги убиваат своите домашни миленици, а потоа ги јадат.

– Луѓето умираат како на забавена снимка, одгледувавме цвеќе во саксии и тоа е изедено, вели социјалниот работник Луај.

Истиот Луај пред извесен период испрати и фотографии до светските медиуми од луѓето кои умреле од глад.  Тој вели дека е вистински сведок дека пред негови очи луѓето убивале мачки за да преживеат , а многу дрвја останале без  лисја.

images (37)

Иако независните медиуми не успеале да стигнат до градот поради опсадата, интернетот е преплавен со информации за прегладнети луѓе.