Мадиќ демантира дека од Министерството за правда е излезен став со негативно мислење по новиот текст на Законот за рестриктивни мерки

од Nikola Popovski
237 прегледи

„Забелешките на првичниот текст на Законот за рестриктивни мерки беа од Минстерството за правда како институција. Ние заедно настапуваме со министерот кога ги браниме законите и мислењата. Тогаш сe имаше предвид дека треба да бидат усогласени и другите закони со оној текст што беше предложен, пред да може да се донесе“ рече заменик-министерката за правда Викторија Мадиќ во утринската програма на „Слободен печат“.

Таа додаде дека откако денес ќе се погледне новиот предлог закон од МНР, Министерството за правда ќе се произнесе за него и ја демантираше информацијата пренесена од Слободен печат и други медиуми дека од Министерство за правда е излезен став со коментари за новиот текст на Законот за рестриктивни мерки.

„Не станува збор за никакви политички неусогласувања, туку само укажување. Министерството за правда и Секретаријатот за законодавство се тука да укажат како да се подобрат законските решенија. Немаше неусогласување, туку само укажување“ рече Мадиќ.

Заменик-министерката за правда рече дека откако денес ќе се види новиот предлог на законот, Министерството за правда ќе помогне да се усогласат и другите закони кои во итна постапка ќе одаат во собраниска процедура.

Слични содржини