Мадона го повика Папата да разговараат за „некои важни работи“

од Stefanija Kuzmanovska

Мадона би сакала да разговара со папата Франциск за „некои важни работи“, па се надева дека тој ќе има волја и време да се сретне со неа.

Кралицата на поп музиката преку твит го праша папата дали би сакал да се сретне со неа, иако нејзината последна исповед беше многу одамна.

„Јас сум добар католик. Се колнам! Мислам, не псујам!“, напиша таа на Твитер.

Мадона, чија 40-годишна кариера е подеднакво позната по врвните хитови и судирите со Католичката црква, призна дека „поминаа неколку децении“ од нејзината последна исповед, но сепак би сакала да се обиде.

„Дали би можеле да се сретнеме еден ден и да разговараме за некои важни работи?“, прашала пејачката.

Не е јасно дали музичарката добитник на Греми била сериозна. Сепак, во текот на нејзината кариера, Мадона гордо ги искористи контроверзите што го предизвика нејзиното разбирање за теми како што се сексот, истополовите љубови и христијанската симболика.

Папата Франциск се уште не одговорил на поканата на Мадона за средба.

Слични содржини