Мадона искрено за борбата за живот: „Лекарите мислеа дека нема да се извлечам“

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Познатата пејачка Мадона синоќа во лондонската арена 02 ја започна турнејата Celebration Tour која ја одложи пред четири месеци поради здравствени проблеми.

Мадона испеа 45 песни, а на паузите на публиката ѝ раскажуваше за својот живот. Таа се присети и на времето кога била во болница борејќи се со сериозна инфекција.

Легендарната Мадона синоќа одржа одличен настап во Лондон – започна серија концерти на кои слави 40 години од нејзината кариера. Бројни фанови на Твитер пишуваат дека на публиката ѝ приредила одлично шоу.

Пред само четири месеци Мадона беше на интензивна нега, интубирана поради бактериска инфекција. Таа откри дека лекарите тогаш му кажале на нејзиното семејство да се подготви за најлошото.

„Не мислев дека ќе успеам, а тоа не го мислеа и моите лекари. Се разбудив, а децата беа покрај мене. Заборавив пет дена од мојот живот, односно мојата смрт, навистина не знам каде бев, но ангелите ме заштитија, а моите деца беа таму и моите деца секогаш ме спасуваат, секој пат.

 

Ако сакате да знаете како се извлеков и како преживеав, само помислив: ‘Морам да бидам тука за моите деца. Морам да преживеам за нив’“, рекла Мадона, пренесува „Дејли Мејл“.

Слични содржини