На почетокот на оваа година, Мадона доживеа многу сериозна бактериска инфекција, поради која итно беше хоспитализирана, а потоа интубиирана по приемот во болница во Њујорк.
По неколкумесечно закрепнување, познатата пејачка се врати на работа и ја започна својата турнеја Celebration, која претходно ја одложи поради здравствени проблеми. Мадона зборуваше за тој тежок период на неодамнешниот концерт во Бруклин.
Таа на шега рече дека морала „речиси да умре за да ги собере своите деца во една соба“.
Познатата пејачка ги има ќерката Лурдес Леон (26), синот Роки Ричи (23), синот Дејвид Џејмс (17) и близнаците Стела и Естер (11) кои често настапуваат со Мадона за време на нејзината турнеја. Откако била хоспитализирана, со неа биле и децата.
На концертот, кралицата на попот изјави дека ги видела „своите исплашени деца“ во болница откако се разбудила.
„Тоа што сега сум овде е чудо. Има некои луѓе овде вечерва кои беа со мене во болница. Има една многу важна жена која ме одвлече во болница. Се онесвестив на подот во бањата и се разбудив на интензивна нега“, истакнала таа.
Станува збор за мистериозна жена по име Шабхон.
Да потсетиме, пејачката на концертите зборуваше за сериозноста на ситуацијата низ која поминала.
„Не мислев дека ќе успеам, а ни моите доктори. Се разбудив и моите деца беа покрај мене. Заборавив пет дена од мојот живот, односно смртта, не знам навистина каде бев. Но, ангелите ме заштитија. Таму беа и моите деца. И моите деца секогаш ме спасуваат, секој пат“, додала Мадона..
Ако сакате да знаете како излегов, и како преживеав, само си помислив: „Морам да бидам тука за моите деца. Морам да преживеам за нив“, рече таа во октомври на концерт во Лондон.